Сектор за планирање, проектирање, катастар, надзор и техничка припрема

 Одделение за планирање, инвестиции и развој

Како иницијатор за соработка со останатите Сектори во Претпријатието ги има следните надлежности

– Координација и организација на целокупната активност околу планирањето и проектирањето;

– Координација на работата околу изработка на инвестиционата документација;

– Врши увид во проектната документација у издавање на мислења преку електронскиот систем;

– Води книги и дневници за извршените работи;

– Учествува во изготвување на разни писмени барања и дописи до соодветни претпријатија и фирми;

-Издавање Мислења за урбанистички планови на подрачјето на Општина Охрид;

– Учествува во јавни расправи-стручни консултации по нацрт детални  урбанистички планови;

– Го следи и анализира наменското и рационалното користење на финансиските средства за реализација на развојните и инвестиционите активности;

– Учествува во изготвување на Програмата за работа на претпријатието, како и три месечните и годишните извештаи за нејзина реализација;

– Учествува во постапки предвидени со прописи за реализација на инвестиционите постапки;

– Изработува идејни решенија за инвестиционите проекти и ја следи реализацијата на инвестициите;

– Контактира со институции за поквалитетно извршување на обврските;

– Средби со претставниците на единиците на локална самоуправа за реализација на инвестициони проекти за водни услуги.