Известување
Согласно препораките на Владата за преземање на мерки за превенција против ширење на вирусот COVID 19 ги известуваме сите корисници на услугите на ЈП НИСКОГРАДБА ОХРИД, дека во наредниот период дирекцијата ќе работи со намален обем . Работата ќе се одвива непречено со препорака за намалено присуство на странки ,освен за странките кои имаат проблем по основ на тужби.
Граѓаните за проблем со канализација можат да се обратат на тел 260-298 Дирекција,
Дежурен техничар – 072/ 265-894,
Цистерна — 075/ 231-408
Наплата на сметки може да се врши онлајн на www.eniskogradbaohrid.mk , а за граѓаните кои немаат можност плаќањето ќе се врши исклучиво на шалтер во наплатен центар Комуналец(стар градски пазар) со работно време од 08-16 часот секој работен ден.