Сектор за финансиско работење , сметководство и комерција ( јавни набавки)

II. Сектор за финансиско работење , сметководство и комерција  ( јавни набавки)

Во овој Сектор спаѓаат надлежностите во финансиски и сметководствени работи, водење на платен промет, изготвување на периодични и годишни извештаи, анализа и статистика, јавни набавки и комерцијални работи, автоматска обработка на податоци и други работи.

Овој Сектор се реализира во работењето преку две одделенија:

II.1. Финансиско одделение и сметководство

Во рамките финансиското одделение и сметководство  редовните активности се состојат во примање на документи, нивна проверка и книжење на истите во програмата за финансиско и материјално работење, а врз основа на таквите податоци се изготвуваат прегледи и биланси за состојбите во тековниот период.

Со цел подобрување на финансиската евиденција со  коминтентите, во одделението за сметководствени работи постојано врши контрола и усогласеност  со истите.

Во делокругот на активностите за наплата се следните надлежности:

-Превземање на податоците од центарот за АОП при МЈП “ Проаква “   – Струга, Р.Е. “ Водовод “ – Охрид;

-Печатење на сметки и фактури за одведување на урбани отпадни води  ( отпадни води  од домаќинствата, индустриски отпадни води и атмосферски отпадни води)

-Дистрибуција на сметките и фактурите до крајните корисници на услугите на претпријатието;

-Увид на лице место и утврдување на фактичката состојба на корисниците на услугите на претпријатието;

-Корекција и ажурирање на податоците за корисниците на услуги и нивната обврска;

-Изготвување на извештаи за сторнирање на сметки и фактури;

-Дистрибуција на договори за услуга на корисниците на услугите и др. работи;

-Наплата на побарувања по основ на фактурирани услуги за одведување на отпадни и атмосферски води,  

 – Склучување договори со  банки за отворање на свои жиро сметки преку кои граѓаните и правните лица ќе можат да ги подмират обврските према претпријатието ;

– Финансиското одделение и сметководство  за поефикасна наплата на побарувањата од физички и правни лица  доставува  известувања до физичките лица корисници на услугите на претпријатието кои го немаат подмирено својот долг спрема јавното претпријатие.

–  Во соработка со Секторот за правни работи доставува опомени до правните и физичките лица кои го немаат подмирено својот долг спрема јавното претпријатие. 

II.2. Одделение за јавни набавки

Во ова одделение се вршат следниве работи: 

– Учество во подготовката на планот за јавни набавки,  изготвување одлуки за јавни набавки, и вршење набавки од мала вредност,

-Учество во изработката на тендерската документација,  објавување на оглас за јавна набавка, давање стручни совети на комисијата при спроведување на постапката за доделување договор за јавна набавка,  определување на член во комисијата кај постапките за доделување договор за јавна набавка со проценета вредност пропишана за ЗЈН, 

– Подготовка на потребните акти врз основа на извештајот од спроведена постапка, ажурирање на податоците кои согласно  закон се доставуваат во ЕСЈН, објавување негативна референца во ЕСЈН, 

– Давање насоки и упатства  во врска со постапување во жалбената постапка во соработка со комисијата, 

– Грижа  за досиејата од спроведени постапки согласно со прописите за канцелариско и архивско работење и други работи согласно законот за јавни набавки.

–  За спроведените постапки за јавни набавки се води и евиденција за реализацијата на склучените договори.

Лицето/лицата се должни во своето работење да постапуваат согласно со Кодексот на однесување при спроведување на јавните набавки

Сите активности ги реализира согласно Законот за јавни набавки, Годишниот план за јавни набавки, Интерен акт-проток на документи за постапката за објавување на огласи и склучување на договори за јавни набавки.