I. Сектор за општи,правни работи и човечки ресурси
Во овој сектор се подготвуваат сите нормативно,правни работи поврзани со работата на јавното претпријатие како правни работи, административни, заеднички и општи работи, кадровска евиденција и човечки ресурси, работни односи, архивско работење и други општи работи, грижа за безбедно извршување на работите, надзор и контрола во користење на ХТЗ опрема и друго.
Овој Сектор е организиран во два организациони делови:
I.1.Одделение за општи и правни работи
Одделението за правни работи ги има следните надлежности :
– Нормативно-правни работи
– Утужување – Изработка на предлози за издавање на решенија на нотарски платен налог за физички и правни лица-
– Застапување на претпријатието пред надлежни судски, управни и други органи согласно потребите и интересите на претпријатието.
– Составување на сите видови на договори
– Постојано пратење и известување на должниците кои имаат склучено договори на исплата на долгот на рати , а кои не го почитуваат рокот на исплата.
– Обезбедување правна основа и поддршка на сите активности кои се одвиваат во Претпријатието и целокупното архивско работење,
– Следење и спроведување на законските прописи и давање правни толкувања и мислења,подготвување на материјалите за работа на Управниот одбор, како и изготвување на донесените одлуки.
– Изготвување на одлуки,решенија и договори за вработување на ново примени работници, измени и дополнувања на решенија и нови променети договори за вработување
– Изготвување решенија за користење на привремен принуден одмор, изготвување на договори за вработување заради прераспоредување како и водење евиденција за вработените согласно законските прописи.
– Решавање на прашања поврзани со пензинското и инвалидското осигурување, следење на промените и новините во законодавството, кое се однесува на дејноста на претпријатието, учество во изработката и пополнувањето на евидентен картон на ново примени работници и други работи.
– Учествување при подготвување на документација за обука на вработените за безбедно извршување на работите, за обезбедување на опрема за лична заштита на вработените, за вршење на повремени прегледи и испитување на работната средина и опрема, Заштита од пожари,евакуација и спасување (план за евакуација,спасување и прва помош и евакуација, набавка и сервисирање на ПП апарати, во сочинување на изјави за безбедност со проценка на ризик за секое работно место
– Организирање здравствени прегледи и здравствено – хигиенски прегледи.
– Следење и анализирање на случаите поврзани со повредите при работењето
– Чување на целокупната документација и тоа превземената документација од други субјекти така и она која настанува при обавување на дејноста на претпријатието согласно позитивните законски прописи во архивското работење.
I.2. Одделение за човечки ресурси
– Одделението за човечки ресурси ги врши работите и задачите што се однесуваат на: правата и обврските на вработените во јавното претпријатие, следењето и примената на законите, подзаконските акти, колективните договори и други прописи што се однесуваат на статусот, правата, должностите и одговорностите на вработените од областа на работните односи;
– Дава насоки во изготвување на општите и поединечните акти за правата, обврските и одговорностите на вработените; водењето на персоналната евиденција во Јавното претпријатие; водење на евиденциите пропишани како обврска со законските и други прописи од областа на трудот; водење на евиденција за присутност на ваработените и за користењето на работното време, изготвува извештаи за тоа и ги проследува до стручната служба за исплата на плати и надоместоци на плати.
– Изготвување процедури за пријавување и одјавување на вработените во надлежните органи и стручни служби;
– Врши следење и водење на кадровската политика во Јавното претпријатие; изготвување анализи, информации и извештаи за кадровската состојба; водење на кадровска и персонална евиденција ; следење на потребата од пополнување на работните места според систематизацијата на работите и задачите;
– Изготвување програми и планови за стручно оспособување и усовршување на вработените и следењето на нивното реализирање;,
– Спроведување на процесот за оценување на вработените , учество во изработка на годишна програма за обука и изготвува правилници за работа во соработка со раководителите на сектори и одделенијата, изготвување на правилници за организација и систематизација, правилници за наградување, давање на стручни мислења од областа на човечките ресурси на Работоводниот орган, следење и проучување на теоретските и практични искуства во земјата и странство за работата од областа на управувањето со човечките ресурси.