III. Сектор за канализација
Во овој сектор се врши изготвување на инвестиционо-техничка документација (основни проекти) за објектите за фекална , атмосферска канализација и друго , се издаваат стручни мислења по детални урбанистички планови и други стручни мислења; изградба и одржување на фекална и атмосферска канализациона мрежа, изведување на нови приклучоци на правни и физички лица, стопанисување со секундарната канализациона мрежа во градот и приградските населби, нејзино одржување (функционално и градежно), редовно одржување на линиите-чистење, механичко и со пумпи, преглед на пумпни станици и механичка и електро опрема.
Секторот е организиран во три одделенија :
III. 1. Одделение за стручни (технички) работи
Во рамки на ова одделение се следните надлежности
-Изработка на техничка документација (идејни и основни проекти ) за објекти кои се во делокругот на работа на претпријатието и по барање на Локалната самоуправа на Општина Охрид
– Припрема на техничка документација за приклучување на објекти од физички и правни лица на фекална и атмосферска канализација
-Издавање на мислења за одведување на отпадни фекални и атмосферски води од урбанистички локалитети на подрачјето на Општина Охрид
-Вршење увид во проектна документација и издавање на мислења преку електонскиот систем за приклучување на објектите на улична фекална и атмосферска канализација
-Учество во јавни расправи – стручни консултации по нацрт детални урбанистички планови во делот на изготвување на основните решенија за канализација на град Охрид
-Изготвување на потребната инвестиционо – техничка документација за изведените градежни и други работи.
– Континуирана техничка и компјутерска поддршка на останатите сектори во претпријатието преку изготвување на разни писмени барања и дописи до соодветни претпријатија и фирми.
III.2. Одделение за одржување на канализациона мрежа, градба на нови и реконструкција на постоечки делови од канализациона мрежа
Во ова одделение се извршуваат следните активности:
– Изведба на улична фекална канализација со објекти на неа по барање на Локалната Самоуправа на Општина Охрид.
– Изведба на улична атмосферска канализација со објекти на неа по барање на Локалната Самоуправа на Општина Охрид
-Вршење на увид по барање на физички и правни лица за приклучување на објектите на улична фекална и атмосферска канализациона мрежа
-Изведба на приклучоци за физички и правни лица на на улична фекална и атмосферска канализациона мрежа
-Реконструкција на постоечка фекална и атмосферска канализациона мрежа (цевководи, шахти , сливници и друго)
III.3. Одделение за фекално и атмосферско одржување
Надлежностите на ова одделение се однесуваат на
– Редовен преглед на функционирањето на уличната фекална канализација
– Редовен преглед на функционирањето уличната атмосферска канализација
– Редовното одржување со механичко и машинско чистење на уличната фекална канализација
– Редовното одржување со механичко и машинско чистење на уличната атмосферска канализација
– Интервенции на отклонување на дефекти и застои на уличната фекална и атмосферска канализација по пријава на граѓани во текот на 24 часа,
– Редовен преглед на функционирањето на пумпните станици за фекална канализација,
– Редовно одржување на механичката и електро опремата во пупните станици во текот на 24 часа.