IV. Сектор за канализациони објекти, инсталации, улици и патишта
Во овој сектор спаѓаат надлежностите на санација и поплочување на локални патишта и улици ,средување на јавни површини, поставување и одржување на хоризонтална и вертикална сигнализација, и друго.
Секторот е организиран во две одделенија :
IV.1. Одделение за градежно одржување
Во одделението за градежно одржување се следните надлежности
– Санација и поплочување со бекатонски елементи на локални патишта и улици
– Санација и поплочување со камени коцки на локални патишта и улици
– Градежни активности за санирање на улици после отклонување на дефект на улична водоводна и канализациона мрежа
– Доведување на нивелета на улица на капаците од шахтите на водоводна и канализациона мрежа
– Градежни активности за одржување и санација на објектите од претпријатието
IV.2. Одделение за канализациони објекти, инсталации, улици и патишта
Одделението за канализациони објекти, инсталации и патишта ги опфаќа следните надлежности:
– Изведба на хоризонтална сигнализација на локални патишта, улици-хоризонтално обележување на улици.
-Одржување на хоризонтална сигнализација на локални патишта, улици – поставување и замена на столпчиња и конуси
– Монтажа и демонтажа на забавувачи на сообраќај
– Монтажа и демонтажа на вертикална сообраќајна сигнализација – сообраќајни знаци на локални патишта и улици
– Одржување на вертикална сообраќајна сигнализација – сообраќајни знаци на локални патишта и улици