V.Сектор за механизација
Во овој Сектор се врши одржување на градежните машини и транспортните средства, услуги на транспорт на другите организациони делови.
Секторот е организиран во две одделенија :
V.1. Одделение за одржување на механизација и возила
Во ова одделение се врши
-Редовно, превентивно и инцидентно одржување на лесните, моторни возила,
-Редовно и превентивно одржување на транспортните возила
-Редовно, превентивно одржување на градежните машини и другата наменска опрема
-Инцидентно одржување – отстранување на дефекти на лесните, товарните возила, градежните машини, транспортните возила и другата наменска опрема
V.2. Одделение за експлоатација на возниот парк
Во Одделението за експлоатација на возниот парк се врши
-Управување со лесни моторни возила,
-Управување со товарни возила заради опслужување на другите сектори за остварување на нивните активности,
-Управување со градежни машини заради опслужување на другите сектори за остварување на нивните активности,
-Управување со наменски возила и опрема заради опслужување на другите сектори за остварување на нивните активности.