Објавување на интерен оглас 06/2020 за пополнување на работно место со унапредување

Оглас за пополнување на работно место со постапка за унапредување – Раководител на Одделение – Асистент за подршка на Директорот

Врз основа на член 48 од Законот за административни службеници ( Службен Весник на Република Македонија бр.27/2014, 199/2014, 48/2015, 154/2015, 05/2016, 142/2016 и 11/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 275/19 и 14/20) и член 2 од Правилникот за формата и содржината на интерниот оглас, начинот на поднесување на пријавата за унапредување, начинот на спроведување на административната селекција и интервјуто, како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција, во зависност од категоријата на работно место за кое е објавен интерниот оглас ( Службен Весник на Република Македонија бр. 11/2015 и 35/2018 ) ЈП НИСКОГРАДБА ОХРИД – Охрид објавува

ИНТЕРЕН ОГЛАС број 06/2020

За пополнување на работно место со унапредување

1. Раководител на Одделение – Асистент за подршка на Директорот, со шифра                       КДР 0102 Б04 171  во Одделение за подршка на Директорот 1 ( еден ) извршител.

            Општи услови предвидени за работното место утврдени со Законот за админитративните службеници и Актот за систематизација на работните места во ЈП НИСКОГРАДБА ОХРИД – Охрид се:

  • да е државјанин на Република Македонија,
  • активно да го користи македонскиот јазик,
  • да е полнолетен,
  • да има општа здравствена способност за работното место и
  • со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

            Посебни услови – предвидени за работното место утврдени со Законот за административните службеници и Актот за систематизација на работните места во ЈП НИСКОГРАДБА ОХРИД – Охрид:

  • Стручни квалификации – ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен од област на Правни науки; Организациони науки и управување (менаџмент); Економски науки;
  • активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење,
  • потврда за положен испит за административно управување,
  • работно искуство за ниво Б4 од најмалку четири години работно искуство во струката од  кои најмалку една година на работно место во јавен сектор, односно најмалку шест години работно искуство во струката од кои најмалку две години на раководно работно место во приватен сектор;
  • познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија ( англиски, француски, германски ).

            Други посебни услови:

  • Овластување од Директорот за внесување на податоци во Платформа за водни услуги

            Потребни општи работни компетенции на напредно ниво:

  • учење и развој;
  • комуникација;
  • остварување резултати;
  • работење со други/тимска работа;
  • стратешка свест;
  • ориентираност кон странките/засегнати страни;
  • раководење и
  • финансиско управување.

            На интерниот оглас може да се јави административен службеник, вработен во истата институција, кој ги исполнува општите и посебните услови за пополнување на работното место пропишани за соодветното ниво во Законот за административните службеници и во Aктот за систематизација како и:

  • да е оценет со оцена „А” или „Б“ при последното оценување,
  • да е на работно место кое согласно актот за систематизација на непосредно пониско ниво од работното место за кое е објавен интерниот оглас,
  • да поминал најмалку две години на тековното работно место и
  • да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавувањето на интерниот оглас.

            Рокот за доставување на пријавите изнесува 5 ( пет ) работни дена, сметано од денот на објавување на огласот ( не сметајќи го денот на самото објавување ).

            Дневно работно време од 07.00 до 15.00 часот.

            Работни Денови: Понеделник до Петок.

            Неделно работно време: 40 (четириесет) часа.

            Заинтересиранте административни службеници поднесуваат пополнета пријава и докази за податоците содржани во пријавата преку архивата на ЈП НИСКОГРАДБА ОХРИД – Охрид до Одделението за човечки ресурси на адреса ЈП НИСКОГРАДБА ОХРИД – Охрид бб  како и до службената електронска адреса: ngcoveckiresursi@gmail.com со назнака “ ЗА ИНТЕРЕН ОГЛАС“.

            Ненавремена, нецелосна и неуредно пополнета пријава, нема да биде предмет на разгледувањe.

            Постапката ќе ја спроведе Комисијата за селекција за унапредување формирана од страна на Директорот на ЈП НИСКОГРАДБА ОХРИД – Охрид.

            Кандидатот кој внел лажни податоци во пријавата се дисквалификува од натамошна постапка.

Изготвил:       Oдделение за човечки ресурси

                        Анита Ангелоска Станковска

https://niskogradba-ohrid.mk/wp-content/uploads/2020/10/2-1-Пријава-за-унапредување-на-административен-службеник.doc

https://niskogradba-ohrid.mk/wp-content/uploads/2020/10/2.-Interen-oglas-za-Rakovoditel-na-oddelenie-Asistent-za-podrska-na-Direktorot.docx