ЈП НИСКОГРАДБА ОХРИД - Охрид
  (046) 260 298

Сектор за изградба, одржување и реконструкција на водоснабдителни системи

Секторот согласно техничко-технолошките и човечки ресурси со кои располага е подготвен да одговори на потребите за континуирано тековно одржување на водоводната мрежа и пропратните хидротехнички објекти на мрежата со навремено и квалитетно санирање на дефектите.

Од системот за водоснабдување на Охрид се врши централно водоснабдување за: градот Охрид, населените места Орман, Рача, Св.Стефан, Долно Коњско, Лагадин, Пештани и туристичките локалитети долж брегот на езерото. Од локални водоводи се снабдуваат населените места Велгошти, Трпејца, Љубаништа, Лескоец, Г. Лакочереј, Вапила и Ливоишта. Вкупен број жители кои се водоснабдуваат изнесува 53.000. Секторот секој месец континуирано врши тековно одржување на водоводната мрежа и пропратните хидротехнички објекти на мрежата со навремено и квалитетно санирање на дефектите.

Секторот изведува и приклучоци на водоводната мрежа за правни и физички лица.

Октомври '17

ПВСЧПСН
      1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31

Поважни тел.

Централа

046/260-298

Дежурен тел.

075/231-408

Цистерна

075/231-408