ЈП НИСКОГРАДБА ОХРИД - Охрид
  (046) 260 298

Административен сектор

Административниот сектор е организиран со поделба на работата преку одделенија и тоа:

Одделение за заеднички служби, правни и кадровски работи

  1. Архива.
  2. Персонална служба и служба за безбедност и здравје при работа
  3. Служба за правни работи

Одделение за финансиско-сметководствени работи

  1. Служба за сметководствени работи
  2. Наплатна служба

Одделение за јавни набавки


Одделение за заеднички служби, правни и кадровски работи

Во делокругот на Одделението за заеднички служби, правни и кадровски работи кое е во рамките на административниот сектор спаѓа целокупното архивско работење, телефонските услуги, одржување на хигиена, давање информации на граѓаните за остварување на своите права во претпријатието, водење евиденција на влез и излез за време на работа и сл.

Службата за правни работи како организациона единка на Одделението за заеднички служби, правни и кадровски работи со своето континуирано работење обезбедува правна основа и поддршка на сите активности кои се одвиваат во Претпријатието. Таквото работење е предуслов за законско и правилно функционирање на работењето на Претпријатието.

Службата за кадровски работи ја осмисли сојата функција преку целосна реализација на кадровската политика во областа на социјално здравствените работи, работните односи и сл. Стручните работи кои ги врши службата се состојат во давање на стручна помош и соработка со соодветни служби во Претпријатието при вработување на кадри, распоредување на вработени од едно место на друго, решавање на прашања поврзани со пензиското и инвалидско осигурување, следење на промените и новините во законодавството кое се однесува на дејноста на оваа служба, учество во изработката и пополнувањето на евидентен картон на ново примени работници и други работи.

Административно - техничките работи се состојат во изготвување на Одлуки и Договори за вработување на ново примени работници, огласување на потребите за кадри, пополнување на изјави, заведување на здравствени книшки и ЗО -1 образец, месечно подигање на плави здравствени картони за лекување, изготвување на Решенија за користење на годишен одмор, изготвување на Договори за вработување заради прераспоредување како и водење евиденција за вработените согласно законските прописи.

Одделение за финансиско-сметководствени работи

Во составот на ова одделение се наоѓаат Службата за сметководствени работи и Служба за јавни набавки и комерција.

Во рамките на службата за сметководствени работи, редовните активности се состојат од примање на документи, нивна проверка и книжење на истите во програмата за финансиско и материјално работење, а врз основа на таквите податоци се изготвуваат прегледи и биланси за состојбите во тековниот период.

Со цел подобрување на финансиската евиденција со нашите коминтенти, службата за сметководствени работи постојано врши контрола и усогласување со истите.

Наплатната служба ги врши следниве активности:

  • Превземање на податоците од центарот за АОП при МЈП “ Проаква “ - Струга;
  • Печатење на сметки и фактури за одведување на урбани отпадни води (отпадни води од домаќинствата, индустриски отпадни води и атмосферски отпадни води);
  • Дистрибуирање на сметки и фактури;
  • Увид на лице место и утврдување на фактичката состојба на корисниците на услугите на ЈП НИСКОГРАДБА ОХРИД - Охрид;
  • Корекција на податоците за корисниците на услуги и нивната обврска;
  • Изготвување на извештаи за сторнирање на сметки и фактури;
  • Дистрибуција на договори за услуга со корисниците на услуги и др. работи.

Одделение за јавни набавки

Одделението за јавни набавки своите активности ги остварува согласно Годишниот план за јавни набавки, односно ги реализира сите видови на спроведени постапки за јавните набавки за потребите на претпријатието согласно Законот за јавни набавки. Отворените постапки и постапките за барање за прибирање на понуди со објавување на оглас за доделување на договори се објавувани во електронска форма на веб страната на Бирото за јани набавки и во Службен весник на Р. Македонија. Целокупните тендерски документации за сите огласи за доделување на Договор се достапни за сите економски оператори во електронска форма на веб страната на бирото за јавни набавки.

Декември '17

ПВСЧПСН
    1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31

Поважни тел.

Централа

046/260-298

Дежурен тел.

075/231-408

Цистерна

075/231-408