ЈП НИСКОГРАДБА ОХРИД - Охрид
  (046) 260 298

За нас

ОСНОВАЊЕ

Јавното Претпријатие НИСКОГРАДБА ОХРИД - Охрид е основано со Одлука на Советот на општина Охрид, заведена под број 07-999/4 од 29.04.2010 година. Врз основа на наведената Одлука, извршено е регистрирање во ЦЕНТРАЛНИОТ РЕГИСТАР НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, со Решение под бр. 30320100001540 од 08.06.2010 година.

Управниот одбор на ЈП НИСКОГРАДБА ОХРИД - Охрид, донесе Статут, заведен под бр. 01-2/1 од 12.05.2010 година и Ценовник заведен под бр. 03-3/1 од 12.05.2010 година, за кои Претпријатието доби согласност од Советот на општина Охрид.

ЈП НИСКОГРАДБА ОХРИД - Охрид е претпријатие основано од општина Охрид и неговата основна дејност е насочена кон изградба на комунални објекти за течности, односно изградба на дистрибуциони цевоводи за транспорт на течности и придружни објекти и структури коишто се составен дел на овие системи, тука спаѓа:

изградба на објекти од нискоградба:

  • водови на големи далечини и разводна градска мрежа,
  • главна водоводна цевка и разводна мрежа,
  • системи за наводнување ( канали ),
  • резервоари.
 

изградба на:

  • канализациони системи, вклучувајќи и поправка,
  • колектори за отпадни води,
  • пумпни станици.
 

ОРГАНИЗАЦИЈА

Внатрешната организација на Јавното претпријатие се заснова и поаѓа од потребите за рационално користење на средствата на трудот и постигнување поволни резултати во процесот на работа. ЈП НИСКОГРАДБА ОХРИД - Охрид, во согласност со статутарните одредби и правилникот за организација и систематизација е организирано на ниво на сектори и тоа:

  1. Дирекција- Работоводен орган.
  • Директор- работоводен орган.
  • Помошник директор за оперативно- технички работи.
  • Помошник директор за правни, заеднички работи и човечки ресурси
  • Советник на директорот

     2. Сектор за правни работи

  •  Одделение за правни работи
  •  Одделение за управување со човечки ресурси

     3.   Сектор за заеднички работи

  • Одделение за јавни набавки
  • Одделение за финансиско - сметководствени работи

     4.  Сектор за технички работи

  • Одделение за планирање планирање, инвестиции и развој
  • одделение за безбедност и здравје при работа

     5.  Сектор за водовод и канализација

  • Одделение за водовод и канализација
  • Одделение за канализациони објекти, инсталации, улици и патишта

     6.  Сектор за механизација

  • Одделение за водовод и канализација
  • Оделение за градежна механизација и возен парк

 

 

Декември '17

ПВСЧПСН
    1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31

Поважни тел.

Централа

046/260-298

Дежурен тел.

075/231-408

Цистерна

075/231-408