Брзо, лесно и сигурно ќе може да се платат заостанатите или тековните фактури, како и други долгови, без никаква провизија. Корисниците кои имаат повеќе водомери, може да ги групираат во сопствениот профил и ќе имаат преглед на сите трошоци на едно место. Услугата е наменета за физички лица.
За креирање на кориснички профил на веб-страницата www.eniskogradbaohrid.mk потребно е да се внесе корисничкиот број. Понатаму, при секоја регистрација, корисникот ќе добива детален увид во сите трошоци, во секое време од денот. Со новата услуга корисниците имаат можност да ги избегнат каматите за задоцнето плаќање и да не се грижат за пристигнувањето на сметките.
Најава на систем за електронско плаќање